Канада најави закон за Фејсбук како оној во Австралија

Канадската влада објави дека подготвува ноз закон со кој ќе ги принуди технолошките гиганти да платат за новинарските содржини кои се споделуваат преку нивните платформи, како и дека нема да отстапат од планот дури и ако се повтори австралиското сценарио. 

Фејсбук минатата недела ги блокираше сите вести во Австралија поради предлог законот со кој од нив и од Гугл се бара на австралиските издавачи да им плаќаат за вестите.

Министерот за канадското наследство Стивен Гилбо, кој е задолжен да го подготви законот сличен на оној во Австралија, ја осуди активноста на Фејсбук.

„Она што ние всушност сакаме да направиме, е да се обезбедиме Гугл и Фејсбук лесно да им надоместат на медиумите за користење на нивните содржини. Без здрави медиуми и новинарски сектор, не може да имаме одржлива демократија“, изјави Гилбо за Си-Ен-Ен.

Прочитајте и...  Причините семејни: Портпаролот на грчката Влада, Христос Тарантилис поднесе оставка

Австралискиот министер за финансии Џорџ Фриденберг најави дека Фејсбук ќе ги одблокира информативните страници, и дека Владата предложила отстапки и измени на спорниот закон.

Поврзани вести

ВО ЖИВО: Заев и Шилегов за реконструкцијата на Универзална сала

Слободен печат

Демонстранти упаднаа во владината зграда во Ереван

Слободен печат

Нов протест напладне пред влада – излегуваат организаторите на свадби и други настани

Слободен печат

Во текот на пандемијата, 446 нови вработувања во јавното здравство

Слободен печат

Шахпаска: Секој има право на достоинствен живот без оглед на возраст, пол, расна и етничка припадност

Слободен печат

Форбс: САД признаа дека Ф-35 се неуспех

Слободен печат

Остави Коментар