Канада најави нови санкции против Русија за „лажните” референдуми

Џастин Трудо/ Фото EPA-EFE/ODD ANDERSEN / POOL

Канада ќе воведе нови санкции кон Москва поради „лажните” руски референдуми во четири окупирани украински региони, изјави премиерот Џастин Трудо.

-Канада никогаш нема да ги признае резултатите од референдумите или обидот на Русија за илегална анексија на украински територии, рече канадскиот премиер.

„Имаме намера да воведеме нови санкции против поединци и ентитети кои се вклучени во овој последен обид за поткопување на принципите на државниот суверенитет и кои ја споделуваат одговорноста за бесмисленото крвопролевање низ Украина што се случува во моментов”, рече Трудо во изјавата.

Проруските власти во окупираните украински региони известија дека мнозинството од населението гласало за приклучување кон Русија на референдумите кои Киев и Западот ги осудија како лажни.

Референдуми беа спроведена во четири региони – Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон, кои сочинуваат околу 15 отсто од украинската територија.

Трудо додаде дека Канада заедно со меѓународните партнери и сојузници работи на заедничкото отфрлање на „нелегитимните гласови”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот