Канада ја одобри вакцината на „АстраЗенека“

Фото: EPA-EFE/JOE GIDDENS / POOL

Канадскиот здравствен регулатор денеска ја одобри вакцината против ковид-19, развиена од британско-шведската компанија „АстраЗенека“ и Универзитетот Оксфорд, со што стана третата вакцина против коронавирусот што е одобрена во земјата.

– Вакцините ќе пристигнуваат сè побрзо и побрзо како што се доближуваме до пролетта. И не само затоа што пратките на „Модерна“ и на „Фајзер“ рапидно се зголемуваат, туку затоа што Канада сега одобри уште една опција за вакцинирање, изјави премиерот Џастин Трудо на прес-конференција.

– Утрово, канадските здравствени власти ја одобрија вакцината против ковид-19 на „АстраЗенека“ и Оксфорд, додаде тој нарекувајќи ја „многу охрабрувачка вест” во борбата на земјата против ковид-19.

Тој рече дека се обезбедени 22 милиони дози од вакцината на „АстраЗенека“ и треба да почнат да пристигнуваат во наредните месеци, а до крајот на март треба да има 6,5 милиони дози од сите вакцини.

Здравство Канада соопшти дека вакцината на „АстраЗенека“ покажала ефикасност од околу 62 проценти во спречување на симптоматски случаи на ковид-19, почнувајќи две недели по втората доза.

Регулаторот ја одобри употреба на оваа вакцина за лица од 18 години и постари. Тоа се разликува од неколку земји во Европа кои ја ограничија нејзината употреба на луѓе под 65 години, велејќи дека нејзината ефикасност не е докажана кај постарите возрасни групи.

Трудо се најде под притисок да го забрза темпото на кампањата за вакцинација во земјата, со тоа што Канада заостанува зад многу други западни земји, вклучувајќи ги и соседните САД, во однос на бројот на вакцинирани луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот