Канада ја дозволи употребата на вакцината на „Модерна“

Зграда на фирмата Модерна/ Фото: EPA-EFE/CJ GUNTHER

Канада денеска издаде дозвола за употреба на вакцината која ја разви компанијата „Модерна”, соопшти Министерството за здравство.

Издавањето дозвола овозможи испорака на околу 168.000 дози од вакцината до крајот на оваа година.

Канада претходно во текот на овој месец издаде дозвола за вакцината која заеднички ја развија компаниите „Фајзер” и „БиоНТек”, а властите веќе почнаа да спроведуваат имунизација против ковид-19 меѓу здравствените работници и повозрасните граѓани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот