Канада испрати трупи на специјалните сили во Украина

Британски војници се повлекуваат од Авганистан / фото: принтскрин Јутјуб

 Канада испрати мал контингент од воените сили за специјални операции во Украина, објавија канадски медиуми, повикувајќи се на неименувани извори.

Според нив, таквиот потег е „дел од напорите на сојузниците во НАТО да ја запрат руската агресија и да најдат начини за поддршка на украинската влада”.

Друга задача што им е доделена на специјалните сили е да ги евакуираат канадските дипломати во случај на влошување на ситуацијата во Украина, се наведува во извештајот.

Претходно медиумите објавија дека Канада испратила 200 војници во Украина за да помогнат во обуката на локалните војници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот