Канада е подготвена да ги остави своите војници во Авганистан

Канада изрази подготвеност нејзините војници да останат во Авганистан по 31 август, крајниот рок за повлекување на сите странски војници. Ова го изјави премиерот на земјата Џастин Трудо пред лидерите на Г-7.

Трудо учествуваше на онлајн состанокот на лидерите на Г-7, кои се собраа за да се договорат за заеднички пристап за евакуација од Авганистан.

– Нагласувам дека Канада е подготвена да остане по истекот на рокот, доколку е можно, рече Трудо.

Американскиот претседател Џо Бајден ја прифати препораката на Пентагон да не се откаже од повлекувањето на американските војници и со тоа да се заврши 20-годишната операција во Авганистан до крајот на месецот

иѕвор :МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот