Канада дава постојан престој за 90.00 странски студенти и работници

Канада ќе им додели статус на постојан престој на 90.000 странски студенти и работници кои се на нејзина територија и кои, особено, помогнаа во лекувањето на болните за време на пандемијата.

Тоа го објави канадскиот министер за имиграција Марко Мендичино.

Програмата за доделување статус со постојан престој, која трае до 6 мај, е наменета за оние работници кои имаат најмалку едногодишен престој во Канада и биле инволвирани во здравството или друга професија за која се смета дека е од суштинско значење, како и за оние странски студенти кои примиле диплома за високо образование во последните четири години.

Мерката ќе и овозможи на Канада да ја исполни својата цел за повеќе од 400.000 мигранти во 2021 година и да го надомести падот на бројот на лица примени минатата година поради пандемијата и затворањето на границите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот