Кан потврди, германскиот репрезентативец ќе го напушти Баерн

Никлас Зуле ќе го напушти Баерн на крајот од сезоната/Фото: EPA-EFE/Alexander Hassenstein

Директорот на Баерн Минхен, Оливер Кан денеска откри дека Никлас Зуле ја одбил понудата на клубот за продолжување на неговиот договор кој истекува на крајот од сезоната.

Германските медиуми пишуваат дека германскиот репрезентативец веќе ја добил и ја прифатил понудата на неименуван клуб и дека следното лето ќе го напушти баварскиот гигант.

Проблемот со Алфонсо Дејвис, кој ќе биде надвор од терените неколку месеци, го услови раководството на Баерн во наредните денови да почне да бара квалитетно решение во одбраната.

Интерес има за тројца играчи кои би дошле без надомест во јуни, од кои двајца германски репрезентативци, Антонио Ридигер и Матијас Гинтер, како и соиграчот на Ридигер во Челси, Андреас Кристенсен.

„Билд“ пишува дека данскиот репрезентативец е најголемата желба на Баерн, но дефанзивецот ја истакнал намерата да остане во Челси, доколку лондонскиот клуб му обезбеди соодветни услови и гаранција дека ќе биде важен дел од тимот.

– Официјално. Никлас Зуле ќе го напушти Баерн како слободен агент на крајот од сезоната, Оливер Кан потврди: „Преговорите беа долги. Ние му дадовме понуда. Зуле не ја прифати“. Знаеме дека Никлас сака да го напушти клубот на крајот од сезоната – објави новинарот Фабрицио Романо на својот „Твитер“ профил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот