Кампањата за локалните избори во Албанија почнува на 14 април

Албанија избори / Фото: EPA-EFE/Malton Dibra

Претседателот на Централната изборна комисија (ЦИК) Илирјан Челибаши, на прес-конференција посветена на подготовките за локалните избори на 14 мај 2023 година рече дека изборната кампања започнува на 14 април.

Додаде дека 27 март ќе биде краен рок за доставување на кандидатските листи, додека рокот за објавување на анкети завршува на 8 мај.

– На 13 јануари е крајниот рок до кога јавните институции треба да се пријават за јавната активност, 6 март е крајниот рок за пријавување на политичките партии, 27 март е крајниот рок за доставување кандидатски листи, 14 април почнува изборната кампања, 8 мај завршува рокот за објавување анкети, 13 мај завршува изборната кампања и почнува изборниот молк. Од интерес се роковите за акредитација, рече Целибаши.

На локалните избори ќе се избираат градоначалници и членови на Советите на 61 општина. И покрај обидите на опозицијата за нова административно-територијална поделба, со која бараше зголемување на бројот на општини за најмалку 30 општини и беше формирана комисија за тоа, сепак не се постигна консензус и ќе се гласа според постојната поделба.

Минатите избори одржани на 30 јуни 2017 година ги бојкотираше обединетата опозиција па од 61 општина, во 60 градоначалници станаа кандидати на владејачката Социјалистичка партија а само во една од партијата на Грците, МЕГА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот