Кампања по прва помош „Првата помош спасува живот“

Под мотото „Првата помош спасува живот“ Црвениот крст започна со активности во склоп на Кампањата по прва помош за 2022 година во чии рамки на оваа кампања, се реализираат едукации за основи на првата помош во сите средни училишта на територија на општина Центар.

– Учениците ќе имаат можност да се запознаат со основите на првата помош, да научат да обезбедат терен околу повредено лице, да препознаат лице во бессознание и како да дејствуваат, да се запознаат со материјалите кои се употребуваат при пружање прва помош, што претставува Хајмлихов зафат, која е разликата помеѓу скршеница и дислокација, начини на третирање рани, изгореници и смрзнатини итн – стои во објавата на Црвениот крст.

Оттаму информираат дека, во СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин“ на ден 26.09.2022 година се спровеле едукации во повеќе термини за време на наставата, од страна на 4 врснички едукатори по Прва помош, на кои учество земаа вкупно 411 ученици прва, втора и трета година. Продолжуваме со реализација на едукации по прва помош во сите средни училишта на територија на општина Центар – додаваат од Црвениот крст.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот