Кампањи на Аеродром за заштита од пожари

Општинскиот противпожарен сојуз – Аеродром деновиве организираше две кампањи за заштита од пожари на жумите и други површини во Општина Аеродром.

Кампањите се организираа на кејот на реката Вардар и на платото пред трговскиот центар „Бисер“. Ученици членови на противпожарната секција од основното училиште „Димитар Македонски“ на минувачите им делеа флаери со едукативни содржини за заштита од пожари.

Вакви кампањи ќе се одржат и на други локации во Општина Аеродром во текот на летниот период.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот