Кампањата е инспирирана од легендарниот фустан на пејачката: Кендал Џенер и Џенифер Лопез нови заштитни лица на Версаче (ВИДЕО)

Кампањата е инспирирана од легендарниот фустан на пејачката. Кендал Џенер и Џенифер Лопез се заштитни лица за новата кампања на брендот Версаче.

Колекцијата е инспирирана од зелениот џунгла принт, истиот оној кој Џенифер го носеше на фустанот на доделбата за Греми наградите во 2000 година.

Џенифер Лопез со легендарниот фустан на доделувањето на Греми наградите во 2000 година

Поради пребарувањето на овој фустан на интернет, Гугл беше приморан да измисли пребарување со фотографија.

„Горда сум што пребарувањето со фотографија на Гугл е измислено откако Џенифер го носеше тој фустан. Денес, славиме момент кој го овозможи оваа прекрасна жена“, рекла дизјанерката Донатела Версаче.

Новата кампања е инспирирана од иднината, а Кендал и Џеј Ло ги пишуваат своите имиња во холограмското пребарување.

Како што велат од Версаче, ова го претставува времето во кое живееме, а во кој нашиот имиџ се дефинира со тоа како се претставуваме на интернет.

„Овој фустан навистина одбележа еден момент во мојата кариера. Сон ми беше повторно да соработувам со мојата пријателка Донатела, за да направиме нешто ново од тој историски момент“, рекла Џенифер во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот