Кампања во Мексико: Сиромашните граѓани се приоритетни за вакцинација против ковид-19

Фото: EPA-EFE/Daniel Ricardez

Откако медицинските работници и старите лица беа вакцинирани, Мексико почна да ги вакцинира најсиромашните граѓани, иако здравствените експерти не се согласуваат. Жителите на Сан Педро ел Алта, мал град во центарот на Мексико, биле изненадени кога во нивното место пристигнал камион со вакцини, па помислиле дека се работи за шега, објави „Вашингтон пост”.

Администрацијата на мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор, кој почна кампања наречена „Прво сиромашните”, им даде приоритет на граѓаните кои се финансиски најзагрозени, наведувајќи дека вакцината е начин на кој државата им се оддолжува поради тоа што ги маргинализира со години.

Мексиканските власти претходно соопштија дека во кампањата за имунизација од декември до сега се искористени две милиони дози вакцини за заштита на старите лица и вработените во здравствената заштита и дека 526.400 здравствени работници ги примиле двете дози на вакцината на „Фајзер“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот