Кампања „Подари книга” на Ротари клуб Тетово

Фото: facebook

Ротари клубот од Тетово во текот на работните денови од оваа недела организира кампања „Подари книга”. Организаторите ги повикаа жителите на градот да донираат книги кои потоа би биле однесени во училиштата.

– Сакаме да ги поттикнеме граѓаните да донесат книги што им се веќе прочитани и сметаат дека можат да ги дадат на други луѓе на користење. Сакаме да им помогнеме на школските библиотеки и да го збогатиме книжниот фонд, да им се помогне на тие луѓе кои не можат да си дозволат да набават книги, изјави Ардита Асани од тетовскиот Ротари клуб.

Книгите може да се остават во киоск во центарот на градот кој порано беше користен за продажба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот