Кампања „Безбедност на прво место” во Куманово

Куманово/ Фото: МИА

Летото е период кога има зголемена сообраќајна фреквенција, а со тоа зголемен е и бројот на сообраќајни незгоди.

Возачите кои влегуваа во Куманово денеска добија вода, летоци и совет да одмараат, да пијат вода, да внимаваат на сообраќајните правила и прописи. Активностите на терен ги спроведоа претставници од Републички совет за безбедност во сообраќајот, Општински совет за безбедност во сообраќајот Куманово и Сектор за превенција при СВР Куманово во рамки на летната кампања „Безбедноста на прво место”.

Пораката што денеска до возачите беше упатена е да бидат внимателни и одговорни учесници во сообраќајот, да не патуваат во период од денот кога температурите се највисоки особено внимателни да бидат повозрасните возачи, оние кои имаат кардиоваскуларни заболувања, хронични болести да избегнуваат патување во делот од денот кога температурите се највисоки, да внимаваат на постепена климатизација на температурата во возилото и надвор од него.

Летото е период кога има зголемена сообраќајна фреквенција, а со тоа зголемен е и бројот на сообраќајни незгоди.

– Конкретно статистичките податоци покажуваат дека во летните месеци имаме двојно поголем број на сообраќајни незгоди, а со само тоа и двојно поголем број на загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди. Причината за тоа е зголемената сообраќајна фреквенција, топлото време. Изминатата година на ниво на државата 132 лица го загубиле животот во сообраќајни незгоди. Просечно во Македонија околу 150 до 160 лица го губат животот во сообраќајни незгоди, можеме да кажеме дека имаме благо намалување-изјави Ристо Манчев од РСБСП.

Тој додава дека бројот на загинати лица е поголем во однос на земјите членки на ЕУ и нагласува дека со оглед дека станува збор за загубен човечки живот, што е ненадоместлива штета и за општеството и за семејството.

Виолета Богдановска од отсекот за превенција од СВР Куманово вели дека една од приоритетните области за работа се превентивните мерки за зголемена безбедност во сообраќајот, подигање на јавната свест кај граѓаните, почитување на правилата и прописите.

– Во летниот период спроведуваме кампањи кои се однесуваат првенствено за безбедно управување на мопеди, влијание на заморот, почитување на правилата, непрописно претекнување, возење без возачка дозвола, дел од тие се репресивни, дел од превентивен карактер кампањи што се спроведуваат, нагласува Богдановска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот