Камиони седат на граница и по 20 часа и секој час се губат по 2 евра

Камиони / Фото: Архива на „Слободен печат“ / илустрација

Не треба да измислиме топла вода, туку само да го направиме она што го прави Европската унија во однос на протокот на стоки, услуги и луѓе – вели Сафет Ѓергалиу, генерален секретар на Коморскиот инвестициски форум.

Трговската размена меѓу Македонија и земјите од Западен Балкан е во пораст, но таа би можела да биде уште поголема. Проблемот на сите влади во земјите од Западен Балкан е популизмот кој не им дозволува да работат на укинување на бариерите што постојат меѓу земјите – како што е долгото стоење на граница, меѓусебно непризнавање на документи и на сертификати, велат од Коморскиот инвестициски фонд, формиран во рамките на Берлинскиот процес за воспоставување на регионална соработка.

– Популизмот е голема болест во регионот, а тој се гради со бариерите кои се болка на економијата. Како можеме да зборуваме за интеграција ако немаме слободен проток на стоки, услуги и на луѓе? Сега на границите камионите чекаат по 10 и по 20 часа. А секој час е 2 евра. Како можеме да бидеме конкурентни ? Не треба да измислиме топла вода, туку само да го направиме она што го прави Европската унија во однос на протокот на стоки, услуги и луѓе – вели Сафет Ѓергалиу, генерален секретар на Коморскиот инвестициски форум.

Татјана Штериева, национален координатор на Коморскиот инвестициски фонд вели дека од неговото основање во 2015 година е забележан раст на трговската раземан во регионот.

– Во 2019 година, 10,1 отсто од вкупнит обем на трговска размена припаѓа на шесте земји од Западен Балкан, притоа учеството во извозот е 11,3 отсто, а во увозот е 9,2 отсто. Во 2015 година обемот на трговската размена со земјите од Западен Балкан бил 1,09 милијади евра, а во 2019 година бил 1,9 милијарди евра, односно зголемувањето на трговската размена е околу 400 милиони евра. Истото се однесува и на извозот. Извозот во земјите од регионот нa Западен Балкан во 2005 година бил 518,4 милиони евра, а во 2019 година достигнал 734 милиони евра, или се зголемил за 41 проценти – вели Штериева.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот