Камионџија од Бања Лука е осуден на 11 години затвор: Се обидел да прошверцува речиси 100 килограми кокаин во Велика Британија

Фото Архива на СП

Возач на камион од Бања Лука, кој пробал да прошверцува речиси 100 килограми кокаин во Велика Британија, е осуден на 11 години затвор.

Миодраг Ивановиќ бил запрен од страна на граничните сили на 6 септември на контрола на товарот во Довер, откако пристигнал со траект од Франција, пренесува Српскаинфо.

Полицајците во координација со Националната агенција за борба против криминал (НЦА), го пребарале камионот на 45-годишникот и отвориле сомнителна палета кутии од која истекло бел прав.

Во камионот имало вкупно 94 килограми кокаин, чија улична вредност изнесува 7,5 милиони фунти. На кутиите со дрога имало ДНК на Ивановиќ и тој го признал обидот за криумчарење.

Камионџијата од Бања Лука вчера бил осуден на 11 години затвор во судот во  Кантербури, јавуваат британските медиуми.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот