Камион удри во минибус во Египет, 18 загинати

Фото: Профимедиа

Египтеското обвинителство потврди дека најмалку 18 лица загинаа во сообраќајна несреќа, а уште петмина се повредени, кога камион со приколка удрил во минибус на автопат во близина на градот Атфих, на 100 километри јужно од Каиро, пренесуваат американските медиуми.

Властите информираат дека до несреќата дошло кога на камионот му експлодирала гумата, по што тешкото возило се превртело и се судрило со минибусот.

Според досега достапните информации, во судирот загинале најмалку 18 патници од минибусот, а петмина се повредени и се пренесени во блиските болници, а возачот на камионот е уапсен.

Секоја година во Египет во сообраќајни несреќи гинат илјадници лица, а официјалната државна агенција за статистика наведува дека во 2019 година, последната година за која се достапни податоци, се случиле околу 10.000 сообраќајни несреќи, при што загинале повеќе од 3.480 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот