Камион турна бандера во центарот на Куманово

Фото: МИА

Камион попладнево турна бандера во центарот на Куманово. Движејќи се од булеварот „Трета македонска ударна бригада” кон улицата „Гоце Делчев” со горниот дел ги закачил каблите при што ја повлекол и бандерата.

Случајот го потврди и СВР Куманово од каде информираат дека е извршен увид од страна на полицијата, а на терен се и екипи од ЕВН и од кабелскиот оператор кои работат на санирање на штетата.

Сообраќајот во овој дел од Куманово е во прекин oд 16:10 часот и се врши пренасочување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот