Камион со македонски таблички се преврте во Србија

Фото: Принтскрин

Камион со македонски регистарски таблички утринава околу 8:30 се превртел на автопатот Ниш – Белград во близина на селото Катун кај Алексинац, објави новинската агенција Бета. Шлеперот го возел 38-годишен возач, македонски државјанин.

Според полицијата, возачот со Итна помош бил префрлен и Клиничкиот центар во Ниш, но нема информации дали е тешко повреден.

Сообраќајот на таа делница од автопатот кон Белград е запрен, откако кабината и приколката од камионот целосно го препречиле патот. Кабината, според тамошните медиуми, делумно ја пробила и заштитната ограда.

Причините се превртување на камионот не се познати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот