Камион прегази работник на комунално претпријатие

Фото: МИА

Работник во комунално претпријатие на 40 години бил прегазен од 55-годишен колега, двајцата вработени во општина Боговиње. Несреќата се случила претпладнево околу 11 часот на локалниот пат што минува низ селото Пирок.

– Во Секторот за внатрешни работи Тетово пријавена е сообраќајна несреќа со смртни последици, што се случила на локалниот пат во тетовското село Пирок. Товарно моторно возило „мерцедес” со тетовски регистарски таблици, сопственост на Јавното комунално претпријатие „Шари” од Боговиње, што го управувал 55-годишниот А.Ф. од Боговиње, движејќи се наназад, удрило во 40-годишниот О.М. од истото село, вработен во ЈКП „Шари”. Од удирањето, О.М. добил тешки телесни повреди од кои починал на самото место – информира Марјан Јосифовски, портпарол на СВР Тетово.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот