Камион излета од патот кај Пелинце

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово.

Возач на камион со тешки телесни повреди заврши во кумановската болница откако загубил контрола врз товарното возило и излетал од патот кон граничниот премин „Пелинце“.

Како што се наведува во соопштението од полицијата вчера во 14.10 часот било пријавено дека на регионалниот пат Старо Нагоричане – Граничен премин „Пелинце“, на место викано „Змејковец“, товарно возило „ман“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Х.А.(30) од Куманово, излетало од патот и удрило во жичана ограда.

По незгодата, сопатникот Р.Р.(41) од Куманово бил пренесен во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот