Камион излета од пат, тешко повреден тетовчанец

Фото: Илустрација
На магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај селото Колари, товарно возило „Ивеко” со тетовски регистарски ознаки, управувано од К.Т. 44- годишен од Тетово, изгубило контрола и излетало од патот.
Сообраќајката се случила вчера во која со тешки телесни повреди се здобил возачот К.Т., кој бил пренесен во болницата во Кичево, а подоцна и во клиничкиот центар во Тетово каде му била укажана лекарска помош.

Кај совозачот Д.М. 22-годишен од Скопје биле констатирани телесни повреди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот