Камиловска Трповска: Нема доволно политичка волја за да се работи на прашањето за борба против корупцијата

Антикорупциската политика во државата, е тема во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ, каде гостинка е Снежана Камиловска Трповска од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

Во Собранието стигна стратегијата за борба против корупцијата. Околу подгвотвувањето, усвојувањето и донесувањето на стратегијата ДКСК „се фали“ дека процесот бил инклузивен, односно дека биле вклучени сите страни.

– Факт е дека процесот беше инклузивен, транспарентетн и доста беше широк опфатот на засегнатите страните кои што беа повикани од страна на ДКСК да земат учество во драфтирањето на првата национална стратегија за борба против корупција. Од таа гледна точка тој процес беше така креиран. Проблемот се појави од страна на парцитипативноста на засегнатите страни да учествуваат во тој процес. И покрај тоа што голем број на државни институции, приватен сектор преку бизнис заедниците, граѓанските организации беа поканети на големиот број работилници, можеме да заклучиме дека оние државни институции кои требаа да бидат таму и да дадат реален придонес во креирање на оваа национална стратегија не беа присутни. Од друга страна оние кои што беа, не беа реално спремни да дадат суштински придонес во креирање на ваков документ- вели во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, Снежана Камиловска Трповска.

Трповска констатира дека нема доволно политичка волја за да се работи на прашањето за борба против корупцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот