Камила Меконахи откри како нејзиното семејство се прилагодило на животот во пандемија

метју меконахи
Метју Меконахи и неговата сопруга / Фото: Профимедиа

Сопругата на актерот Метју Меконахи го сподели најдобриот совет со мајките ширум светот.

Убавата 38-годишна Камила Алвес Меконахи покрај грижата за своите три деца, неколкуте миленичиња, нејзиниот сопруг и неговата мајка Кеј која живее заедно со нив, таа го основаше и здружението „Women of Today“.

Покрај бројните обврски Алвес Меконахи секогаш наоѓа време да сподели нешто интересно со своите обожаватели на својот инстаграм-профил.

epa-efe
EPA-ЕFE/NINA PROMMER

Пандемијата на коронавирусите што дополнитено ги промени плановите на многу луѓе ширум светот, е прилично голем предизвик и за Камила, но како што вели таа, прави сè за да си го олесни животот.

Камила за магазинот „People“ откри дека пандемијата успеала да го промени начинот на кој функционира нејзиното семејство и дека сега се прилагодуваат со „нови правила“, со чија помош ќе бидат сигурни дека работите ќе се одвиваат без проблем.

Мислам дека она што најмногу ни помогна беше тоа што поставивме приоритети и правила. Децата имаат свои приоритети, свои распореди, обврски и сето тоа го запишувам и им го лепам на фрижидерот“, вели Камила Алев Меконахи, која со холивудскиот актер има три деца, Леви (12), Вида (11) и Ливингстон (8).

Мајката на Метју има свои одговорности, како и Метју, така што некако успеавме да изградиме мала инфраструктура во нашиот дом затоа што надворешниот свет не е достапен за нас во моментов. Неговата мајка има 89 години, па затоа мора да бидеме многу внимателни што и како правиме. Сите овие распореди се многу корисни за нас, затоа што целото семејство учествува. Секој има различни одговорности во својот распоред, а она што ни помага во овие времиња е дека секогаш наоѓаме начин да им помогнеме и на другите“, вели таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот