Камила Џорџи: Тениска убавица која мами воздишки и ги празни паричниците (ФОТО)

Тенисот или „белиот спорт“ се смета за еден од најелегентните и аристократски спортови заедно со полото за кој се потребни огромни финансиски средства.

Иако тенисот е меѓу најпопуларните спортови во светот и кој го играат милиони луѓе сепак големите финансиски средства се главна препрека за голем број на талентирани деца да продолжат да тренираат.

Одговорот лежи во желбата и обидите да се стане професионалец. Потребна е огромна сума на пари која треба да се обезбеди за личен тренер, дополнителен тим во масери, аналитичари, кондициски тренер како и за постојаните патувања на турнирите.

Камила Џорџи/EPA-EFE/Riccardo Antimiani / POOL

Камила Џорџи е атрактивна и талентирана Италијанка која како и многумина сонуваше да стане дел од тениската елита, а тоа што ја попречуваше да го исполни својот сон се парите. Начинот на кој дојде до него за да стане професионална тенисери е бизарна, воедно е уште еден доказ дека некои луѓе не бираат начини и средства како да дојдат на големата сцена.

Камила Џорџи/фото: Инстаграм

Тенискиот свет ја запозна Камила Џорџи во 2013 година кога на УС Опен во третото коло ја победи тогашната трета светска тенисерка, Каролина Вознијацки. Италијанката веднаш доби прекар „женскиот Андре Агаси“ поради одличната дефанзивна игра со силни удари од основната линија, додека машките тениски фанови буквално збудалеа по неа поради нејзината убавина.

Камила Џорџи/фото: Инстаграм

Тенискиот талент кај Камила беше неспорен уште од најрана возраст, славниот тениски тренер Ник Болитиери ја покани  Италијанката кога имаше девет години да дојде во неговата академија во САД и да тренира седум месеци и тоа не негов трошок. Болитиери ваква чест некој бесплатно да престојува и да тренира во неговата академија и има укажано уште само на Марија Шарапова, што потврдува колку била талентирана Камила.

Камила Џорџи/фото: Инстаграм

Таа со 14 години станува професионалец, а парите за патувања ги обезбедува нејзиниот татко Серџо кој работел неколку работи за да и овозможи на својата ќерка да продолжи да игра тенис, но тие пари не се доволни за Камила да продолжи да настапува на сите турнири.

На 18-годишна возраст, Камила и нејзините родители добиваат интересна понуда од Санди Милтман, кој работел како тренер во многу тениски академии, меѓу кои и таа на Ник Болитиери. Милтман барал млади и талентирани тенисери и тенисерки на кои би им ги плаќал тренинзите, а за возврат барал само едно – кога ќе станат успешни и славни да го кренат угледот на академијата во која тренирале.

Камила Џорџи/фото: Инстаграм

Таткото на тенисерката, Серџо заедно со Милтман дошле до идеја да најдат приватни спонзори кои ќе ги плаќаат тренинзите и патувањата на Камила, а за возврат ќе добиваат процент од заработените пари од освоените награди. Но, спонзорите не можеле да претпостават дека нема да нидат ни дел од парите.

Меѓу првите измамени од Камила Џорџи и нејзиниот татко е семејство од Конектикет, САД кое сакало да и помогне на талентираната тенисерка. Тие ги платиле првите две години од настапите на турнирите и тренинзите на Камила Џорџи, а тенисерката и нејзиниот татко дури се преселиле во Конектикет за да бидат поблиску до своите спонзори.

Камила Џорџи/фото: Инстаграм

Но, договорот кој го потпишал Серџо со семејството не бил обврзувачки и не морал да ги врати парите кога семејството западнало во финансиски проблеми.
Откако увидел дека на овој начин може да дојде до потребните финансии и притоа да не мора да ги врати парите, заедно со својата ќерка продолжил со истата шема.

Моќта на преговарање на Серџо и талентот на Камила беа доволни постојано да добиваат пари кои би ги вратиле „кога Италијанката ќе се пробие на тенискиот врв“. Нормално од тоа немало ништо но таткото и ќерката Џорџи, мистериозно исчезнувале кога парите од спонзорите ќе ги снемало. За ова пишуваа специјализирани тениските сајтови како и американскиот „Спортс Илустрејтед“ кој дури ги објавил и имињата на луѓето кои ја финансирале Камила Џорџи.

Камила Џорџи/EPA-EFE/KIYOSHI OTA

Сега Камила Џорџи има 28 години, но е далеку од остварување на целта, таа е 75. на ВТА ранг листата, а најдобар пласман и е пред две години кога беше на 26. место. Оваа година од настапите на турнирите заработи 142.326 долари, а во кариерата вкупно нешто повеќе од четири милиони долари, но едно е сигурно, дека на семејствата и спонзорите кои ја финансираа во минатото, нема намера да им ги врати парите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот