Ќамил Рушити е назначен за координатор на кичевското Муфтиство

На свечена церемонија поглаварот на ИВЗ на Република Северна Македонија, Шаќир ефенди Фетаху, синоќа го назначи новиот координатор на Муфтиството во Кичево, Ќамил ефенди Рушити. Имамите на скоро сите џамии во Кичево и Пласница беа присутни на овој свечен чин.

Новиот координатор Ќамил ефенди Рушити по актот за именување рече дека е чест но и обврска да бидам на чело на оваа институција и дека ќе се обиде целосно да ја оправдам дадената доверба.

Учесниците ги поздрави градоначалникот на општина Кичево, Фатмир Дехари, кој рече дека секоја задача што ќе му биде доверена секому треба да се смета како обврска што треба да се изврши со посветеност.

Шефот на ИВЗ Шаќир ефенди Фетаху рече дека сега има друг пристап каде им се дава приоритет на младите. -Сакам на Ќамил ефенди Рушити да му порачам да соработува тесно со сите структури во кичевското Муфтиство, истакна Фетаху.

Кичевското Муфтиство остана без раководител откако досегашниот муфтија во кичевското Муфтиство Мурат ефенди Хисени ја загуби битката со коронавирусот пред извесно време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот