Камерон Дијаз во разговор со Наоми Кемпбел откри дека се враќа на актерството

Instagram

Актерката Камерон Дијаз (48) гостуваше во емисијата „No Filter“ на Јутјуб која ја води нејзината пријателка, манекенката Наоми Кемпбел (50). По тој повод Камерон зборуваше за враќањето на филмското платно, по долгата пауза од 2014 година кога и се повлече од актерството.

Instagram

Ќе се вратам и луѓето ќе кажат еве нова постара актерка на сцена. Хахаха. Никогаш не вели никогаш“, се пошегува Камерон зборувајќи за своето враќање на сцена.

Принтскрин / Youtube

Во 2019 година Камерон со нејзиниот сопруг Бенџи Маден(41) станаа родители на ќеркичката Редикс. Иако не го исклучува професионалниот живот во целост, Дијаз инсистира на тоа дека мајчинството е „најсреќниот период во нејзиниот живот“ и дека ѝ се посветува целосно на својата ќерка.

Instagram

Дијаз во разговорот со Наоми се присети и на улогата во филмот „Mask“ која речиси ќе ја пропуштела, затоа што во тој период се занимавала со моделирање.

Во тоа време, имав 21 година, а продукцијата преговараше за улогата со мене и Ана Никол Смит. Десет дена пред снимањето тие ја потврдија мојата улога и јас започнав со часови по глума“, рече таа за улогата што всушност ја прослави, а покрај неа главната улога ја имаше комичарот Џим Кери.

Instagram

Неодамна Камерон Дијаз ја изненади јавноста објавувајќи ја веста за раѓањето на нејзината ќерка Редикс, а никој не ни знаеше дека е навистина бремена.

Instagram

Со месеци се шпекулираше дека актерката чека бебе, но ниту таа, ниту нејзиниот сопруг не потврдија ниту негираа, сè до моментот кога Камерон на почетокот на јануари објави дека станала мајка.

Во интервјуто додаде дека нејзиниот споруг е прекрасен татко и дека се чувствува среќно затоа што тој секогаш ѝ помагал и дека на крајот од денот има време за себе знаејќи дека тој се грижи за нивната ќерка.

Фото: Профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот