Камерон Дијаз се повлекува: Актерката го снима својот последен филм

камерон дијаз
Камерон Дијаз / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Актерскиот камбек на Камерон Дијаз би можел да биде краткотраен, според извори кои велат дека на филмската икона не ѝ се допаѓа драмата на филмските сетови.

Ова доаѓа откога снимањето на првиот филм на Камерон по пауза од девет години (од 2014) – акциона комедија со Џејми Фокс – наводно било оптоварено со многу проблеми, при што Џејми, кој воедно е и продуцент на филмот, имал нервен слом.

Фото: EPA/PETER FOLEY

Дијаз, најверојатно, повеќе нема да снима, пишува „Дејли мејл“ . Британскиот таблоид се повикува на тврдења од луѓе блиски на актерката дека Back In Action, кој моментно го снима со Џејми Фокс, ќе биде нејзиниот последен филм бидејќи повеќе не може да го одржи темпото.

„Back In Action“, кој почна да се снима во Велика Британија, е првиот филм на кој работи Камерон (50) по мјузиклот „Ени“ и по нејзиното пензионирање од актерството.

Проблемите што се појавиле на снимањето резултирале со одлука на 55-годишниот Џејми, извршен продуцент, да отпушти четворица членови на персоналот, вклучувајќи го и неговиот возач, еден продуцент и помошник-режисер.

камерон дијаз
Фото: Профимедиа

50-годишната актерка се повлече од Холивуд во 2018 година, но нејзиниот близок пријател Џејми Фокс успеа да ја убеди да се врати и да глуми покрај него во акционата комедија.

„Камерон, веројатно, нема да се врати во светот на филмот по завршувањето на овој проект бидејќи ѝ е многу тешко да биде далеку од семејството и ги мрази драмата и конфликтите, кои често избувнуваат на филмските сетови“, изјавиле извори блиски до неа, како што пренесува „Дејли мејл“.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

„Таа не може да поднесе драма и конфликти. Затоа се пензионира, мисли дека веќе се докажала во индустријата и дека нема кому да му се докажува“, додаваат тие.

Во 2019 година Камерон ја дочека ќерката Редикс со својот сопруг, музичарот Бенџи Мејден.

ВИДЕО | Камерон Дијаз откри како е да се стане мајка на 47 години: Сега треба да живеам до 107

Камерон Дијаз во разговор со Наоми Кемпбел откри дека се враќа на актерството

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот