Камерон Дијаз после бракот се откажа од глумата, но сега има нов начин на кој заработува! (ФОТО)

камерон дијаз
Фото Профимедиа

После венчавката со Бенџи Маден, Камерон Дијаз за жал на многумина обожаватели ширум светот, одлучи да затвори едно поглавје од својот живот. Таа замина во пензија од глумата и се посвети на семејниот живот, а сето тоа стана официјално кога кон крајот на минатата година парот ја доби својата прва ќерка. Малата Радикс веќе порасна, затоа Камерон конечно успеа да го оствари и својот нов деловен сон. Заедно со долгогодишната пријателка Кетрин Пауер таа влезе во бизнисот на виното, а двете пријателки под називот „Аvaline“ на пазарот го донесоа органското вино без адитиви или било какви животински додатоци. Камерон и Кетрин на тој потег се одлучиле откако заклучиле дека на пазарот се наоѓаат огромен број на различни вина, но сите во себе имаат непосакувани состојќи.

инстаграм

„Се почнува во винаријата, со земјата, и се зависи од тоа како ќе го третирате грозјето се до моментот додека не стане вино. Доколку не пиете вино со органски одгледано грозје, всушност пиете пестициди, а тоа сигурно не сакате да го имате во вашиот организам“, рекла Камерон Дијаз за „InStyle“.

инстаграм

Иако многумина мислат дека виното е само ферментирано грозје, актерката родена во Калифорнија брзо научила дека омилената пијачка на многумина всушност може да биде направена од повеќе од 70 различни адитиви.

инстаграм

„Знаете она кога устата ќе ви поприми виолетова боја од црвеното вино? Епа тоа не е природно. Таа боја е наречена Mega Purple. Луѓето едноставно сами заклучуваат дека виното кое го пијат е органско, но тоа не е така. Поголемиот дел од нив се филтрираат низ рибји меур“, рекла Дијаз и додала дека поголемиот број од вината не се наменети за вегани.

инстаграм

Токму поради таа причина пријателките кои се запознале преку Никол Ричи, одлучиле да произведуваат исклучиво органски вина. За да направат совршено вино кое ќе е наменето и за вегани и направено од органско грозје, без никакви непотребни додатоци како шеќер, боја и концентрати, тие две патувале низ Европа и испробувале вина, па така учеле за нив.

инстаграм

„Ова не е некој проект каде ние го застапуваме своето лице или име за некој производ. Ова е и тоа како долго патување околу светот за да се пронајдат најдобрите винарии и пробаат вина какви што сакаме да произведуваме, а кои се во склад со нашите здравствени критериуми. Постојано патувавме низ Франција, Шпанија и Италија“

инстаграм

За да добијат вино какво што сакаат, биле потребни дури 2 години, а моментално на понудата стојат бело и розе вино. За да одберат моќно, но сепак женско име за својот бренд, Камерон и Кетрин користеле генератор кој обично родителите го користат за да ги смислат имињата на своите деца

„Пронаоѓањето на вистинското име траеше долго и беше лудо. Постојат стотици илјади вина на светот, па затоа повеќето имиња беа земени. Испишувавме листови и листови со детски имиња и ова е единственото кое ни се допадна на двете“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот