Камерите низ градот ги користела УБК, вели Спасовски – Слободен печат
ВестиМакедонија

Камерите низ градот ги користела УБК, вели Спасовски

Стотиците камери низ градот Скопје воопшто не служат за санкционирање на несовесните возачи, вели Спасовски.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски откри за јавноста дека камерите поставени на крстосниците, до 2017 година го користела УБК за видео надзор, а не за казнување на сообраќајни прекршоци.

-Стотиците камери низ градот Скопје воопшто не служат за санкционирање на несовесните возачи како што тврдеше поранешната власт, туку до 2017 година се употребуваа исклучиво од Управата за безбедност и контраразузнавање, а не од Јавната безбедност. Потоа создадовме правна рамка, и сега системот е под контрола на Јавната безбедност, сепак тој систем треба да се надогради. Мојата цел и заложба е да направиме сериозен систем, којшто ќе вклучува и камери за сообраќајни прекршоци, на тој  начин ќе го избегнеме човечкиот фактор, селективноста, секој ќе знае дека треба да си ја плати казната  – откри во „Само Интервју“ на телевизија „Канал 5“ министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close