Каменувани лекари во Индија кои се обидувале да спасат пациент со симптоми на коронавирус
Медицинските работници во Индија кои се на првата борбена линија носат најголема паника кај граѓаните. Од страв дека од болниците тие ќе го донесат вирусот дома, лекарите често се исфрлани од своите станови, но се и вербално и физички напаѓани.
Неколку лекари во Индија за малку ќе завршеа со тешки повреди пробувајќи да спасат човек со симптоми на коронавирусот. Додека му пружале помош на пациентот, група на луѓе почнала да фрла камења кон нив, пренесува Телеграф.рс.
Настанот се случил во средата во државата Мадха Прадеш, а како што се наведува, ова не е прв пат лекарите од Индија да бидат физички нападнат и омаловажувани заради тоа што им помагаат на заразени луѓе.
Медицинските работници во Индија кои се на првата борбена линија носат најголема паника кај граѓаните. Од страв дека од болниците тие ќе го донесат вирусот дома, лекарите често се исфрлани од своите станови, но се и вербално и физички напаѓани.
Токму тој страв е и причината за нападот на петчлената лекарска екипа каменувана во градот Индор, пренесува Си-Ен-Ен.
– Беше околу 14.30 часот кога екипата излезе на терен да се погрижи за пациент кој имаше симптоми на коронавирус. Кога дојдовме на лице место група од околу 200 луѓе почна да фрла камења по нас. За наша среќа, имаше еден човек кој не бутна во автомобил, рекол д-р Трупти Катдаре, кој и самиот бил жртва на нападот.
Тој рекол дека екипата се здобила само со полесни повреди. По настанот, истата екипа била принудена во четврток да се врати на истото место за да превземе уште еден пациент со симптоми.
Полицијата досега уапсила четири луѓе заради овој напад, а за другите сторители се уште се трага.