Каменуван автобус со навивачи на Работнички

Автобус кој превезувал навивачи на кошаркарскиот клуб Работнички вечерва е каменуван близу хотелот „Хилтон“ во Аеродром, по дерби мечот со МЗТ Скопје во спортскиот центар „Јане Сандански“, потврдија од МВР за САКАМДАКАЖАМ.МК

Сè уште нема детали за нападот, но неофицијално, на враќање од натпреварот врз автобусот се фрлени камења, а има и повредени кои се однесени со Брза помош.

Каменуваниот автобус е паркиран на раскрсницата меѓу улиците Орце Николов и Рузвелтова во Центар, каде се врши увид на полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот