Каменос сведок во истрага за аферата на одредување фирма за издавање визи во грчкото МНР

Поранешниот министер за одбрана на Грција и коалициски партнер во владата на СИРИЗА, Панос Каменос пред обвинителката за борба против корупција од 10,30 часот утрово дава исказ во рамки на прелиминарната истрага по неговите обвинувања за процесот за избор на фирма за издавање визи во грчкото МНР, jави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми, Каменос ќе достави конкретни документи кои ги потврдуваат неговите тврдења и обвинувања до поранешниот шеф на грчката дипломатија, Никос Коѕијас за наводни нелегални активности и ќе предложи вработени во грчкото МНР да бидат повикани како сведоци.

– Ќе дадам исказ пред обвинителката за борба против корупција во рамки на прелиминарната истрага за случајот со фирмите за издавање виза за Министерството за надворешни работи и мислам дека ќе излезат многу работи, рече Каменос откако стигна во судот и кусо пред да даде исказ.

Обвинителството за борба против корупција започна истрага по обвинувањата од поранешниот министер за одбрана, а прв сведок е токму Каменос.

Во април годинава, како претседател на Независни Грци, Панос Каменос, говорејќи во грчкиот Парламент тврдеше дека во периодот додека Никос Коѕијас беше министер за надворешни работи насочувал процеси за конкретна компанија да го преземе издавањето визи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот