Каменица Саса е освојувач на женскиот фудбалски Куп на Македонија

Eкипата на Каменица Саса успеа да го подигне трофејот од Купот на Македонија по одличната игра и убедливата победа против Асс Јунајтед.
Женското финале од Купот на Македонија се одигра денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски” – Скопје, Каменица Саса забележа убедлива победа со 4:0.
Антонина Шопска го отвори резултатот на денешната средба во седмата минута. На 2:0 зголеми Ленче Андреевска во 23 минута од средбата.
Истиот играч погоди на почетокот на второто полувреме за предност на Каменица Саса од 3:0. Конечните 4:0 ги постави американската интернационалка Чик Пејтон Тејлор во 71 минута од мечот.
Каменица Саса: Јелена Гвоздерац, Ана Димитровска, Драгана Костова, Тејлор Пејтон Чик, Павлинка Николовска, Икеда Ангелика Кеона, Елена Панеска, Мила Талевска, Христина Јошевска, Ленче Андреевска, Антонина Шопска.
Асс Јунајтед: Суарта Речи, Александра Поповска, Улза Максути, Ера Стеблева, Веса Села, Арлинда Адили, Оливера Цоклеска, Кристина Мојсоска, Александра Симоноска, Едина Сулејмани, Еда Далипи.