Камчев треба да се јави на одлежување на затворската казна, доби упатен акт

Фото: МИА

Бизнисменот Орце Камчев денеска добил упатен акт за издржување на затворската казна од една година која ја доби со направената спогодба за случајот „Империја“.

Информацијата за „Фокус” ја потврдиле од Кривичниот суд.

Ова сепак не значи дека Камчев уште денеска ќе оди во затвор.

-Денот на јавувањето во установата се одредува така што на осуденото лице да му останат најмалку осум, а најмногу 13 дена од денот на приемот на упатниот акт, вели Законот за извршување на санкциите.

Камчев има законска можност да побара и одложување на издржувањето на затворската казна.

Една од можностите е и Камчев да побара одложување до правосилноста на пресудата за предметот „Плацови на Водно”, за што исто така беше осуден на казна затвор од една година. Во тој случај се определува единечна казна, но и се собира времето кое го поминал во притвор. Бизнисменот за „Империја” беше во притвор повеќе од девет месеци, а за „Плацови на Водно” четири и пол месеци.

Камчев, покрај затворската казна, се согласи и да плати отштета на државата од 5,2 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот