Камчев: САД не се справува најдобро со пандемијата, доаѓаат до израз слабостите на здравствениот систем

-Очигледно властите не се справуваат најдобро со пандемијата. Таа излезе од контрола и тоа е пред се заради кризата во јавното здравство која постои одамна. Копјата се кршат околу тоа како треба да се регулира здравството, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ новинарот Борис Камчев.

Фармацијата заработува огромни пари, а добра вест дека во Њујорк почнува да се намалува бројот на смртни случаи.

-Сега тоа е регулирано од низа осигурителни и фармацевтски компании кои го држат тој систем во раце. Тука се заработуваат огромни суми на пари. Координативниот тим од Белата куќа задолжен за справување со КОВИД-19 денеска излезе со малку подобра нота. Трамп укажа дека се гледа светло во тунелот. Во Њујорк два дена по ред не се зголемува смртноста и таа од наредната недела прогнозите се дека ќе почне да се намалува, рече Камчев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот