Камчев на Боки 13 за Мијалков: Ние сме бизнисмени, не прислушкувачи и уценувачи

Фото: Миа.мк

Во дел од разговорите објавени денеска од италијанскиот весник Ла Верита, осомничениот во случајот рекет Бојан Јовановски – Боки 13 му кажува на Орце Камчев дека поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков веднаш по пресудата од случајот „Тврдина/Таргет“ ќе биде ставен во затвор.

Камчев потоа вели дека за разлика од Мијалков, тие двајца се занимаваат само со бизнис, а не со политика, прислушувања и уцени.

Прочитајте дел од разговорот:

БЈ: Прислушуваните материјали.

ЈК: Палчо и компанија, шо со тоа?

БЈ: Не бре тоа, пресуда ќе има.

ЈК: Ааа.

БЈ: Мијалков.

ЈК: Кога? Ама тоа за ова, до таму дојде?

БЈ: Вероватно одма у затвор ќе го стават, на лежење.

ЈК: Ако е поголема казната, сигурно тоа… Шефе, од таму се сите гомна. Не сме слушале јас и ти, не сме праеле. Кој си слушал, нека си праи… Си сркал… А бе ние бизнис тераме, не тераме полиција, политика, прислушкувања, уценувања, глупости. Не сме научени на такви приказни, на таков начин.

БЈ: Добар си, добар си.

ОК: Те бендисав, а?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот