Камчев: Мојата гаранција од 14 милиони евра беше отфрлена од Лиле и Катица за да глодаат како хиени

Во франшизата која сакаше да ми ја продаде Бојан Јованивски беше продавање памет. Договор или франшиза ти е исто, како сакаш крсти го. Јас пред судот не лажам, рече Орце Камчев во директното испрашување од страна на Сашо Дуковски, адвокат на обвинетиот Бојан Јовановски. Камчев е прв сведок во процесот „Рекет“.

Запрашан дали Камчев се сеќава на првата средба со Јовановски, тој рече дека „не му е девојка, па да се сеќава“.

– Не се сеќавам на првата средба. Да ми е девојка ќе се сеќавам – рече Камчев.

По ваквиот одговор, следуваше дофрлање од страна на Јовановски, по што судијката јавно го опомена дека ако уште еднаш дофрли или прозбори ќе го казни.

– Мојата гаранција од 14 милиони евра беше отфрлена од Лиле и Катица за да глодаат како хиени – рече Камчев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот