Камчев итно префрлен на Клиниката за кардиологија

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Бизнисменот Орце Камчев, кој веќе трети месец е во притвор во Шутка, бил префрлен на Клиниката за кардиологија, објавува Фокус.

Според нивните информации, Камчев се пожалил на болки во гради, па итно бил префрлен на клиниката.

Директорот на скопскиот затвор Шутка, Филип Андонов за Фокус потврдил дека Камчев ќе биде задржан во клиниката за понатамошни испитувања откако се пожалил на болки во градите и гушење.

Камчев веќе три месеци е во притвор во затворот во Шутка за случајот „Плацеви на Водно“, откако претходно нудеше и гаранција од 1,7 милиони евра за да се брани од слобода, понуда која беше одбиена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот