Камчев до Боки 13: Филипче беше во твојот дом кога ми ги даваше бизнис идеите

Фото:Слободен печат/Арбнора Мемети

Во текот на денешното рочиште за „Рекет“, имаше вкрстено испрашување, при кое Боки 13 му постави прашање на Орце Камчев.

Боки, во таа прилика, го праша Орце дали се сеќава на средба во март месец, која се одржала во домот на Јовановски во Скопје.

По ова, Камчев му одговори дека и министерот за здравство, Венко Филипче, тогаш бил во неговиот дом, кога  наводно Боки 13 му предложил бизнис идеи.

– Министерот за здравство Венко Филипче беше во твојот дом кога ми предложи бизнис идеи, кои јас ги одбив – изјави Камчев.

Според сведокот Камчев средбата се одржала откако тој излегол од притвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот