Камчев: Директорот на УБК ме посоветува се да снимам и чувам и да и верувам на Рускоска

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Го информирав Премиерот за сè што ми се случува. Тој беше запрепастен. Немаше зборови. Ми рече се што имам и знам да однесам кај Вилма Рускоска. Така и направив, рече на денешното судење за „Рекет“.

– Боки 13 на интерфон ги злоупотребуваше и политичарите. Го слушав како го малтретираше господинот Кабранов на телефон, му се јавуваше со мутиран глас, па после глумеше дека го спасил – рече Камчев, додавајќи дека на одредени новинари од 1ТВ им давал насоки што да прават.

Нагласи дека многу информации на Јовановски му биле достапни и со тие информации манипулирал.

– Директорот на УБК ми даде совет да ги чувам сите хард дискови. Сите уреди да ги чувам во оригинал и да и верувам на Рускоска – нагласи Камчев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот