Камчев бара 1,5 милиони евра од Боки 13, Јанева и државата

Фото:Слободен печат/Арбнора Мемети

Бизнисменот Орце Камчев бара Бојан Јовановски, Катица Јанева и државата да му надоместат 1,5 милион евра, поради што ги тужи пред Граѓанскиот суд, објави „Фокус“.

Тој ги бара парите кои наводно им ги дал на осудените во “Рекет”, иако додека траеше кривичната постапка, бизнисменот немаше статус на оштетен, туку на сведок.

Според адвокатите вклучени во процесот, Камчев парите ги бара од Јовановски, поранешната специјална јавна обвинителка, од Државното правобранителство, Владата и СЈО.

На листата на тужени е и Зоран Милевски Кичеец, но денеска неговите адвокати доставиле изјава од Камчев со која вели дека нема побарувања од Милевски. Не е јасно зошто не ја повлекол тужбата против него.

Она што е нејасно е и зошто бизнисменот бара сума од 1,5 милиони евра, кога наводно во торбата што му ја дал на Боки-13 имало еден милион, а во несесерот кој неговата сопруга Ана наводно го однела во неговиот дом, имало 350.000 евра. Остатокот, пак, од 150.000 евра требало да ги обезбеди Кичеец.

Овие пари никогаш не беа пронајдени, ниту пак торбата „Луј Витон”. Адвокатите реагираа дека доколку во торбата имало еден милион евра таа требало да тежи 23 килограми, а на снимките од домот на Камчев се гледаше како Кичеец лежерно ја префрла торбата од една во друга рака како да не носи толкава тежина.

За случајот “Рекет”, Јовановски беше осуден на казна затвор од 13 години, Јанева на 9 години, а Кичеец на 3 години затвор, по признание на вина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот