Камбовски: Политиката треба да ја наведне главата пред правото

Фото: МИА

Можеме да не го усвоиме законот и да си продолжиме по старо, да ги продолжиме нашите приказни за криминалот и корупција. Да се одолговлекува уште долги години процесот на евроатланските орагнизации, но цената ќе биде скапо платена- рече Камбовски.

Академик Владо Камбовски на денешната јавна распава, која ја организира Комисијата за политички систем, порача дека од прагматични причини Собранието треба да го донесе Законот за јавното обвинителство, дури и по цена изборите да бидат одложени за еден месец.

-СЈО кое беше формирано со заедничка волја на сите парламентарни партии, се распадна. Меѓутоа тоа сè уште постои во правниот поредок. Собранието мора да се грижи за уставноста. Ако мислевте дека треба да продолжи, зошто не избравте нов специјален обвинител, туку тоа се распадна. Ако веќе не постои тогаш треба да се донесе друг закон. Сега би можеле да се пријават и бројни и други аргументи зошто сме пред еден рационален притисок да го усвоиме законот. Можеме да не го усвоиме законот и да си продолжиме по старо, да ги продолжиме нашите приказни за криминалот и корупција. Да се одолговлекува уште долги години процесот на евроатланските орагнизации, но цената ќе биде скапо платена- рече Камбовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот