Камбовски: ОЈО има овластување да презема предмети од други обвинителства

Фото: МИА

СЈО ја одигра својата улога во еден транзициски период и отвори многу предмети, a сега со реформите во правосудниот систем, Обвинителството се оспособува ефикасно да го гони криминалот и високата корпуцијa, вели академик Владо Камбовски.

-Мандатот на СЈО можеше да се продолжи доколку наследникот на Јанева се избереше три месеци пред истекот на нејзиниот мандат. Но, тоа не се направи затоа што се планираше токму Јанева да го продолжи мандатот. Кога тоа не се случи, а Јанева е приведена, со истекот на нејзиниот мандат на 15 септември, ќе се попречи работата на СЈО, затоа што според Законот за СЈО, само таа може да делегира и одзема овластувања на обвинителите во СЈО –  објаснува Камбовски.

Тој го поддржува решението со кое предметите на СЈО треба да преминат во Јавното обвинителство и вели дека за тоа има законска основа.

– Државниот јавен обвинител има овластување според уставната поставеност на Јавното обвинителство која е заснована на хиерархиска субординираност, да презема предмети од други обвинителства. Тоа решение треба да се реализира и според мое мислење предметите треба да се доделат на обвинителите од СЈО – рече Камбовски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот