Камала Харис со писмо до албанската заедница: САД ќе продолжат да го поддржуваат Косово

Камала Харис / Фото EPA-EFE/LEIGH VOGEL / POOL

Кандидатката на демократите за претседател на САД, Камала Харис на крајот од кампањата испрати писмо до американско-албанската заедница во кое посочува дека САД ја поддржуваат независноста на  Косово и дека ќе продолжи да ја поддржува и по изборите доколку победи.

САД, исто така, ги предводеа европските сојузници и партнери да ја поддржат независноста и историскиот суверенитет на Косово и продолжуваат да го поддржуваат мултиетничкото и демократско Косово, целосно интегрирано во меѓународната заедница, нагласила Харис во писмото објавено од политички активист во САД и поранешниот амбасадор  во Приштина, Фатон Бисљими, кое го пренесува Косово онлајн.

Харис меѓу другото нагласува дека „исклучително ја цени силата на Албанците во САД“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот