Камала Харис повика на реформи во изборниот систем на САД

Американската потпретседателка Камала Харис / Фото: EPA-EFE

 САД нема повеќе да бидат пример за успешна демократија кај другите земји во светот ако не можат да спроведат реформи на своето избирачко право, истакна потпретседателката Камала Харис во интервју за телевизијата Си-би-ес.

Според неа, луѓето низ целиот светот во САД гледаат модел за „способноста на соживот на демократијата со економската сила и моќ”. Притоа, потпретседателот истакна дека таквата состојба во земјата може да се разниша, ако во Конгресот не го усвои нацрт законот за реформи на избирачкото право.

-Може да не снема од картата што не покажува како пример за имитација, ако дозволиме да се урне еден од најважните столбови на демократијата, а тоа се слободните и фер избори, изјави Харис.

Таа истакна дека за многу Американци овој проблем не е важно прашање, иако, според неа, треба да биде.

Претседателот Џо Бајден во повеќе наврати претходно ги критикуваше сенаторите републиканци поради топ што неколку пати (во јуни и октомври годинава) ја блокираа иницијативата за реформа на некои делови од регулативата на изборниот систем на САД.

Овој закон е одобрен од Претставничкиот дом уште во март. Меѓудругото, предвидува проширување на можноста за регистрација на избирачите, гласање по пошта и предвремено гласање.

Претседателските и конгресните избори во САД се одржаа лани на 3 ноември. Во услови на пандемија, гласачките ливчиња можеше да бидат порачани по пошта, да се гласа дома и да бидат испратени до изборните комисии.

Републиканците и поранешниот претседател Доналд Трамп, кој на функцијата се наоѓаше до јануари годинава, се против либерализација на изборните права поради наводни можности од фалсификација. Некои републиканци и Трамп сè уште се повикуваат на тоа дека на изборите лани имало нарушувања и не ги признаваат резултатите и победата на Бајден

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот