Камала Харис официјално е демократски кандидат за претседател на САД
Американскaта потпретседателка Камала Харис доби доволно гласови за да стане демократски кандидат на претседателските избори во ноември, изјави денеска претседателот на Демократскиот национален комитет Џејми Харисон.
Процесот на онлајн гласање завршува во понеделник, но таа уште денеска го доби мнозинството од гласовите на делегатите.
„Почестена сум што сум потенцијален демократски кандидат“, им рече Харис на приврзаниците.
Официјалната номинација се очекува да биде финализирана до 7 август.
Како би изгледала надворешната политика на САД под раководство на Камала Харис
Актуелниот претседател на Соединетите Американски Држави Џозеф Бајден неодамна одлучи да се повлече од претседателската трка, а на потпретседателката Камала Харис и даде целосна поддршка да се кандидира на претстојните претседателски избори.
Џо Бајден во писмото објавено на социјалната мрежа Икс изјави дека ќе се посвети на своите должности како претседател на државата и дека најдобро е земјата и партијата да останат надвор од трката.
Тој и се заблагодарил на Камала Харис бидејќи, како што изјавил, била исклучителна партнерка.