Камала Харис меѓу волонтерите во Вашингтон, дочекана со „претседателке“
Избирачките места во Вашингтон се затвораат за околу еден час, а голем број приврзаници на Камала Харис се собираат кај Универзитетот Хауард каде што ќе се појави кандидатката на демократите. Нова.рс и објавува дека е километарска колоната на луѓе кои сакаат да дојдат до универзитетот.
Како што објави телеграф.рс, улиците околу универзитетот се блокирани за сообраќај, а таму веќе се собрани стотици студенти. Дошле, како што велат да ја поддржат Камала Харис која студирала токму на тој универзитет и среќни се што таа оттаму ќе ја следи изборната ноќ.
Претходно, со кутија Доритос, Камала Харис се појави во седиштето на демократите во Вашингтон и им се заблагодари на волонтерите кои работеле на телефонската централа, пишува индекс.хр.
– Вие сте едноставно најдобри, најдобри, најдобри и на сите ви се заблагодарувам – изјавила Харис пред насобраните поддржувачи.
Таа ја кренала телефонската слушкалка и одговорила на повикот.
– Добра сум. Дали веќе гласавте? Да? Ви благодарам – изјавила Харис.
Сите во просторијата аплаудирале, а некој извикал „претседателке“.