Камала Харис: Ќе напраам сè што е во моја моќ да се порази Доналд Трамп

Камала Харис

Камала Харис, учесничка во трката за номинацијата на претседателски кандидат од Демократската партија, најави крај на својата кампања.

Во соопштение на Твитер таа денеска укажа дека „иако не сум повеќе во трката, ќе напраам сè што е во моја моќ да се порази Доналд Трамп”.

-Ќе се борам за иднината на нашата земја и за истакнување на најдобрата страна од нас. Знам дека и вие ќе го правите тоа. Затоа ајде да го направиме заедно, напиша таа.

Во електронската порака таа посочува дека нејзината кампања била финансиски исцрпена за да остане во трката.

Во третото тримесечје од годината сенаторката од Калифорнија беше зад Берни Сандерс и Пит Бутиџиќ по обемот на собрани кампањски средства во предизборната борба за претседателски кандидат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот